Фирмата Коском-БК е основана во 1995 година, во Скопје.

Од самиот почеток се занимава со увоз и трговија на големо и мало.

Основна дејност е топловодно греење и машинска изолација, но со проширување

на дејноста во нашиот асортиман се застапени и соларните системи, водоводни елементи

и климатизација.

Нашата фирма е генерален застапник на реномираниот и светски познат бренд

од областа на топловодното греење, австрискиот бренд Herz, со седиште во Виена.

Исто така, со цел да го зголемиме асортиманот и да ги задоволиме сите вкусови, желби

и потреби на нашите потрошувачи работиме и со други познати брендови и тоа италијанските

Remer,Fornara, и Eurobatex и швајцарскиот Armaflex.

Во текот на минатите години бележиме забележителен раст и развој кој се бележи благодарение

на квалитетот кој го нудиме, постојаното следење на новите трендови и на континуираното

вложување во нашиот кадар.

Целта на нашето работење е пред се задоволството на нашите клиенти и остварување на

долгорочна соработка.

Ве очекуваме и вие да станете дел од нашите клиенти.